Ван Ромпуј: ЕУ може и без Велика Британија

Од:

Европската унија може да го преживее евентуалното излегување на Велика Британија, но нема да преживее без Франција, изјави денеска претседателот во заминување на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

Ван Ромпуј, на кого од 1 декември му завршува мандатот, во интервју за лондонски „Дејли мејл“ изјави дека ЕУ „би била повредена, но ќе преживее“ доколку Велика Британија на референдум во 2017 година одлучи да излезе од унијата.

– Без Франција, ЕУ сепак би била мртва, порача белгискиот политичар, кој остро го критикува британскиот премиер Дејвид Камерон поради заканите дека ќе се заложи за излез од Унијата доколку на Велика Британија не и биде дозволено да го ограничи бројот на доселеници од други европски земји.

Слободата на движење е фундаментален принцип и за тоа нема преговори, изјави Ван Ромпуј, додавајќи дека овој проблем ќе претставува голем предизвик за неговиот наследник, полскиот политичар Доналд Туск.

Лондон најави дека Камерон за неколку дена ќе одржи говор, во кој ќе ги изнесе британските услови за останување во ЕУ. 

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ