Претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Свети Николе ќе одржат средба со членови на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.
На средбата ќе бидат презентирани можностите на ИПАРД Програмата и услугите и поволностите што ги дава Државната фито-санитарна Управа во испитување на болести и семенски материјал.