Либерија си постави цел до Божик да нема нови случаи на ебола

Од:

Претседателката на Либерија, Елен Џонсон-Сарлијф денеска апелираше двојно да ги зголемат напорите во борбата со еболата и да ја реализираат целта поставена од Владата до Божик да нема нови регистрирани пациенти.

– Си поставивме навистина тешка цел. Но, кога човек ќе си постави цел  тогаш ги удвојува напорите за нејзино постигнување, истакна Џонсон-Сарлијф, на церемонијата во Монровија на пречекот на холандскиот брод за помош на настраданите од ебола.

Во либерија регистрирани се приближно 3.000 смртни случаи на ебола. Бројот на инфицирани од неодамна почна да се намалува.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски