Еврокомесарот Хан ја поздрави одлуката на Црна Гора за усогласување на надворешната политика со ЕУ

Од:

Еврокомесарот за односите со соседните земји и преговорите за проширување, Јоханес Хан, денеска во Подгорица изјави дека проширувањето на ЕУ останува приоритет и дека посилното економско поврзување на регионот е шанса за неговиот подобар развој, пренесе Танјуг.

Хан разговараше со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, со премиерот Мило Ѓукановиќ, шефот на дипломатијата Игор Лукшиќ и со претставници на Парламентот.

На заедничката прес конференција со премиерот Ѓукановиќ, еврокомесарот
ја поздрави одлуката на Црна Гора за усогласување на нејзината надворешна политика со позициите на ЕУ во врска со Украина.

Тој посочи дека на патот кон ЕУ неопходно е да се постигне напредок во областа на конкурентноста и додаде дека една од клучните цели за земјите кандидатки е засилување на националните економии и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Хан ги поздрави и чекорите на црногорската Влада во сферата на слободата на медиумите и притоа ги повика новинарите да ги почитуваат етичните и професионални стандарди.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ