Претседателка на Литванија: Русија е терористичка држава

Од:

Претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите го осуди односот на Русија кон Украина и наведе дека политиката на официјална Москва кон соседната држава е терористичка.

-Украина се бори за свој и за мирот на сите нас. Доколку терористичката држава која спроведува отворена агресија кон своите соседи не биде сопрена, таа ќе се прошири во Европа- наведе Грибаускаите.

Според неа неопходно е на Украина да и се даде голема поддршка, како политичка, така и економска, хуманитарна и воена.

-Никој не смее да диктира како некоја држава треба да живее, без оглед дали таа е мала или голема. Тоа го прави Кремељ, тоа го прави моменталниот врв на Русија и таквите акции не смеат да се толерираат – заклучи литванската претседателка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот