Во Холандија е откриено ново жариште на птичји грип, соопшти Министерството за економија.
Вирусот е откриен во живинарска фарма во Тер Ор, западна Холандија. Фармата имаше 43.000 птици и сите се уништени, а објектот е дезинфициран од ветеринарно-санитарни органи.
Типот на вирусот се уште се испитува и утре ќе се знаат резултатите дали станува збор за Х5Н8, кој минатиот викенд беше откриоен во централна Холандија.
Досега Х5Н8 беше присутен во Азија. Првпат во Европа се појави во ноември во Германија, а потоа во Холандија и во Велика Британија.