Европскиот комесар за источно соседство и политика на проширувањето Јоханес Хан денеска ја пофали конструктивната улога на Србија во регионот и одговорноста што ја покажала за време на посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград.
– Важно е да се пофали многу конструктивната и водечка политика на Србија во регионот. Посебно ја поздравувам одговорноста на Србија за време на посетата на албанскиот премиер Рама и водечката улога во организирањето на конференцијата на шестте земји од Западен Балкан, истакна Хан на заедничката прес-конференција со претседателот Томислав Николиќ.
Хан наведе и дека напредокот на Србија кон ЕУ испраќа многу силна поорака до целиот регион.