Кук го собори рекордот по број на асистенции во Еврокупот

Од:

Кошаркарот на Будуќност од Подгорица, Омар Кук е новиот рекордер по број на асистенции во Еврокупот, откако на натпреварот против Венспилс забележа 16 „додавања“.

Досегашниот рекорд со 15 асистенции го држеа Марко Мариновиќ и Тревис Динер.

Во историјата на Еврокупот кошаркарот на Подгорица со вкупно 182 асистенции (6,5 во просек по натпревар) се наоѓа меѓу 15 најдобри во оваа категорија.

Кук покрај 16. асистенции имаше и 15 поени, два скока, една украдена и две загубени топки за вкупно 28 индексни поени.

Будуќност го доби натпреварот со 87:69 што претставуваше втора победа за црногорскиот тим после шест одиграни кола во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ