Речиси половина од работспособното население во Либерија било принудено да се откаже од секакви професионални дејности поради епидемијата од ебола, покажува истражување на Светската банка, направено во соработка со Инсттутот „Галуп“ врз основа на телефонски анкети.
– Дури и оние кои живеат во најодалечените места во Либерија, каде не е откриена еболата, ги понесуваат вторичните економски ефекти од епидемијата, наведува во коминике Ана Ревенга, директор на одделот за безбедност во Светска банка.
Околу 64 проценти од анкетираните во моментот се во принудна невработеност (без земјоделскиот сектор), а пред да избувне епидемијата тие се занимавале со некаква дејност.
Либерија е една од трите земји кои се најмногу засегнати од еболата, заедно со Гвинеја и Сиера Леоне.