Игралиштето за хокеј и уметничко лизгање во СЦ „Борис Трајковски” повторно е пуштено во употреба за тренензи и рекреација, информираат од Спортскиот центар.
Со тоа, двете активности ќе бидат лесно достапни за сите граѓани заинтересирани за овие зимски спортови.
Термините предвидени за рекреативно лизгање во времетраење од еден час, се според следниот распоред:
– Понеделник: од 11 до 16 часот и од 20 до 23 часот.
– Вторник: од 11 до 18 часот и од 20 до 23 часот.
– Среда: од 11 до 16 часот и од 20 до 23 часот.
– Четврток: од 11 до 18 часот и од 20 до 23 часот.
– Петок: од 11 до 16 часот и од 20 до 00 часот.
– Сабота: од 12 до 00 часот.
– Недела: од 12 до 23 часот.