ОН: Една милијарда луѓе во светот немаат пристап до тоалет

Од:

ОН предупредуваат дека речиси една милијарда луѓе ширум светот немаат пристап до тоалети, што е причина за многубројни заразни болести, вклучувајќи ја и опасноста од зараза со смртоносниот вирус на еболата.

Во извештајот на Светската организација се наведува дека дури половина од населението во Либерија, која е најпогодена од еболата, немаат пристап до тоалети, додека во Сиера Леоне една третина од граѓаните немаат тоалети во своите домови.

Податоците покажуваат дека во субсахарска Африка, каде една четвртина од населението немаат тоалети, а дијареата е трет причинител за смртност кај децата до пет годишна возраст.

Истражувањата укажуваат дека во светот на секои две и пол минути умира по едно дете од последици на зарази предизвикани од нечиста вода за пиење, несоодветен пристап до тоалети и лошата хигиена, се додава во документот на ОН.

Речиси половина од луѓето во светот кои немаат пристап до тоалет живеат во Индија, а следуваат азиските земји Индонезија, Пакистан, Непал и Кина.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство