И го видел лицето и веднаш побарал развод

Од:

Млада брачна двојка од Медина во Саудиска Арабија, имале непријатна средба по нивната венчавка.

Имено, Саудиецот дури тогаш добил можност, првпат да ја види својата сопруга и кога ја видел, вднаш побарал развод.

Оваа двојка, требала да ја направи својата прва фотографија и дури тогаш невестата ја симнала својата бурка. Кога ја видел, младоженецот скокнал веднаш и рекол: „Ти не си девојка што јас посакував. Жал ми е, но јас ќе се разведам“.

Невестата потоа како што пишува „Мирор“, добила хистеричен напад, а девериците сакале да ја смират и да го решат проблемот.

Во некои делови на Саудиска Арабија, меѓу кои е и Медина, обичај е младоженците да не ги запознаваат своите сопруги се додека не се земат.

Како што е обичај во модерниот свет, овој случај веднаш се најде на социјалните мрежи, па еден пријател на оваа двојка напиша: „Поради неговото неодговорно однесување, тој кај неа предизвика многу болка и затоа заслужи да пати“.

Како што пишува „Минор“, имало уште многу коментари, а некои од нив се:

– Тој би требало да го почитува нејзиниот каратер, а не нејзиното лице!

– Младите денеска се повеќе ги интересира само надворешниот изглед, а ја игнорираат вредноста и моралот!

– Се надевам дека Господ ќе и подари подобар сопруг, кој ќе ја почитува каква што е!

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ