Табуле салата (либанска салата)

Од:

Традиционална либанска салата. Освежителна и многу здрава посебно поради количината на магдонос во неа.

Потребно е:
1 чаша кус-кус (издробена пченица)
1 китка магдонос
1 домат
1 свежа краставица
1 лимон
маслиново масло
сол

Подготовка:
– Кус-кусот потопете го во млака вода за да омекне. Додадете му половина исцеден лимон и оставете да стои еден час. За тоа време кус-кусот ќе ја впие течноста и ќе набабри.

– Измијте го магдоносот и многу ситно исецкајте го.

– Исто така многу ситно исецкајте ги краставицата и доматот.

– Измешајте го сецканиот зеленчук со кус-кусот. Ако остане малку од течноста, исцедете ја.

– Пред да ја послужите салатата посипете ја со сок од половина лимон и маслиново масло.

Послужување: Во некои рецепти може да се најде и ситно сецкана главица црвен кромид.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска