Хан: Од Србија не побарав да воведе санкции против Русија

Од:

Еврокомесарот за соседство и преговори за проширување, Јоханес Хан, денеска изјави дека од Србија не побарал да воведе санкции против Русија и дека тоа прашање не е поврзано со отворањето на поглавјата во процесот на проширување.

– Не барав Србија да се приклучи кон европските санкции против Русија, рече Хан по средбата со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во Брисел.

Еврокомесарот изјави дека српската надворешна политика била една од темите на денешните разговори со Дачиќ, но нагласи дека одлуките од овој вид се суверена работа на српската Влада.

– Санкциите и отворањето на поглавја во преговорачкиот процес не се во никаква врска, нагласи Хан и го изрази очекувањето дека првите поглавја ќе бидат отворени во блиска иднина.

Дачиќ, на прес конференцијата, потврди дека не постои експлицитно барање против Русија да се воведат санкции, иако во Брисел се очекува Србија до стапувањето во членство да ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ.

-Се надеваме дека многу брзо ќе го отвориме поглавјето 32 које се однесува на финансиската контрола, рече Дачиќ и додаде дека речиси сите членки на ЕУ тоа го поддруваат.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ