Лавров: Се надеваме дека се уште не сме ја преминале точката од која нема враќање

Од:

Москва изразува надеж дека врските меѓу Русија и Европската унија се уште не преминале „точка без враќање“, изјави рускиот министер за андворешни работи Сергеј Лавров.

Тој додаде дека политиката на ЕУ спрема украинската криза е очигледен обид да се префрли одговорноста која ја уништува довербата кон европскиот континент.

– Се надеваме дека се уште не сме ја преминале точката од која нема враќање. Заинтересирани сме за прогресивен развој на односите со ЕУ, рече Лавров на заедничка седница на Колегиумот на руски и белоруски МНР.

Тој наведе дека „Русија ја има ЕУ како свој многу важен партнер“.

Изјавата на Лавров следува откако Брисел воведе нови дополнителни санкции спрема проруските сили во Украина додека Москва одговори со забрана за увоз на храна од држави од ЕУ. Според Лавров, Киев зазел курс на „општествено-економско задушување на југоистокот на Украина“.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска