Претседателот на Јужна Кореја назначи пензиониран генерал од ВМС за началник на Агенцијата за безбедност што ќе биде формирана по потонувањето на ферибот во април при што загинаа повеќе од 300 луѓе.
Назначувањето на Пак Ин-јон е дел од владините планови за преструктуирање кои вклучуваат расформирање на крајбрежната стража и префрлање на одговорноста на агенцијата за безбедност и националната полициска агенција.
Крајбрежната стража беше критикувана заради неуспехот да ги спаси патниците од фериботот што потона. Целта на новата агенција е побрзо и попрофесионално реагирање при несреќи. Офрицијално, утре ќе почне со работа.