Климкин: Украина бара од ЕУ цврста и јасна порака кон Русија

Од:

Брисел, 17 ноември 2014 (МИА) – Украина денеска побара од ЕУ, доколку тоа се покаже за неопходно, на Русија да и испрати цврст и јасен сигнал што ќе биде проследен со закана за нови санкции, пренесоа француските медиуми, цитирајќи го украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

-Време е да се упати јасна порака кон Москва и да и се каже дека секое ново дестабилизирање на ситуацијата во Украина ќе предизвика дополнителни мерки од страна на ЕУ, изјави министерот Климкин.

Тој додаде дека Украина се надева дека неделава ќе учествува на средбата на висо ниво со Русија за да се направи обид за заживување на спогодбата за прекин на огнот од Минск.

Министерит изјавата ја даде за време на посетата на Брисел, каде се сретна со првиот европски дипломат Федерика Могерини, и ќе оддржи говори пред Европскиот Прламент.

-Имаме потреба од оваа јасна порака на ЕУ до Русија, што ќе ги одбележи следните етапи. Тоа треба да биде пакет од силни санкции, што ќе го засилат притисокот врз сите кои сакаат да ја дестабилизираат ситуацијата на лице место, рече Климкин и ЕУ ја обвини за недостиг на доследна политика во однос на Русија.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ