Европските шефови на дипломатии дискутираат за нови санкции кон Русија и за БиХ

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, под раководна палка на новата висока претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, утринава во Брисел започнаа состанок на кој главни точки се ситуацијата во Украина, можноста за воведување на нови санкции кон Русија и враќањето на Босна и Херцеговина на европскиот пат.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, наследничката на Кетрин Ештон потврди дека утринава е започнат состанокот кој не значи само нов почеток за Европа, туку и за надворешната политика на ЕУ.

– Утринава со министрите почнуваме дискусија за работните методи, затоа што сакаме да работиме ефективно оттука од Брисел. Да ги делиме заедничките визии на 28-те земји-членки. Главно прашање на денешната агенда е Украина, но исто така ќе дискутираме и за санкциите кон Русија, но не само за нив, оти знаеме ако само работиме на тоа дека не е ефективно, па ќе мора да разговараме повеќе и за реформи во Украина. Затоа, утринава ќе се сретнеме и со украинскиот министер за надворешни работи (Павло) Климкин, со кого ќе потпишеме договор кој ќе и дозволи на ЕУ да почне мисија во Украина со цел да им помогне на украинските власти во реструктуирањето на безбедноста на цивилите во земјата, што ќе почне со мисијата од 1 декември. Ќе дискутираме и за односите и дијалогот со Русија, со цел да се дојде до решение на кризата, истакна Могерини пред почетокот на денешниот состанок.

Според шефицата на европската дипломатија, министрите ќе дискутираат и за можноста од заострување на санкциите кон Руската Федерација, како реакција на т.н. избори во Источна Украина од 2 ноември оваа година. Могерини посочи дека ЕУ од своја страна смета дека санкциите не се само цел, туку и може да се инструмент ако дојдат со други мерки и затоа е време Советот за надворешни работи да се концентира на други прашања за комплетна стратегија, а тоа значи од една страна да се побара од Украинците да се посветат на реформите и да најдат начин како да ги исполнат оти најдобар начин, според Италијанката, за наредок во овој процес е Украина да се претвори во успешна приказна.

– Ќе дискутираме и за ситуацијата на Западниот Балкан, особено за Босна и Херцеговина и за големиот број на рализчни предлози на министирте од нашите земји-членки, со цел посветување на реформски процес во Босна и Херцеговина, посебно во однос на компактноста за раст. Симболично, дискусијата денеска се случува во исто време кога и новото босанско претседателстово почнува со работа, па ќе се посветиме заедно на тој процес да ја приближиме Босна кон европскиот пат. истакна Могерини.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, денеска ќе се обидат да бидат фокусирани на повеќе политички ориентирана дискусија за да се обидат да донесат одлука за заедничка акција и да испратат јасна и обединета порака и во однос на ситуаицјата меѓу Палестинците и Израел, состојбата на Блискиот Исток, како и ситуацијата со вирусот ебола, по извештјаот на комесарот Христос Стилијанидис по неговата посета на африканскиот континент.

По утринскиот состанок на шефовите на дипломатиите, денеска ќе се сретнат и министрите за одбрана на земјите-членки на Унијата, со цел да заземат заедничка позиција во одбранбениот дел на ЕУ, во однос на кризата во Укриана и целокупната безбедносна состојба на Европската унија.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ