Министрите за надворешни работи на државите од Европската унија ќе имаат состанок денеска во Брисел каде главна тема ќе биде ситуацијата во Украина и заострувањето на санкциите спрема Русија.
Министерскиот совет заседава ден по самитот на Г-20 во Бризбејн, на кој присуствуваа голем број европски лидери како и рускиот и американскиот претседател.
Обама, британскиот премиер Дејвид Камерон и германскиот канцелар Ангела Меркел го предупредија во таа прилика Путин дека ќе бидат заострени санкциите за Русија доколку Москва продолжи да ги поддржува и вооружува проруските сили на југоисток во Украина.
Постоечките санкции опфаќаат забрана за издавање визи за 119 руски функционери и забрана за работа во ЕУ на 23 државни компании.
Се очекува таа листа по дводневниот самит да биде проширена иако дипломатски извори велат дека т.н. трет степен на санкции не е на дневен ред.
Министрите ќе расправаат и за британско-германската иницијатива за БиХ што предивудва значаен поттик за државата доколку тамошните политички лидери надминат блокади и се посветат на спроведување реформи. Ќе стане збор и за ситуацијата на Блискиот исток како и за новите мерки за борба против епидемијата на ебола.