Американскиот претседател Барак Обама ќе објави дека САД ќе донираат три милиони долари за меѓународниот фонд на Обединетите нации, кој им помага на сиромашните земји да се справат со климатските промени.
Обама донацијата ќе ја најави на самитот на Групата 20 најразвиени земји во светот (Г20), кој почнува денеска во австралискиот град Бризбејн, изјави претставник на американската администрација.
Меѓународната заедница се заложи за време на конференцијата за климатски промени во Копенхаген во 2009 година да доставува во фондот до 2020 година по сто милијарди долари годишно.
Франција и Германија ветија по една милијарда, а Јапонија 1,5 милијарди долари.