Вардар по победа над Веспрем за прво место во групата

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар вечерва ќе „брка“ победа над унгарски Веспрем за искачување на првото место во групата Ц од Лигата на шампионите. Досега Веспрем има четири победи од четири натпревари во Лигата на шампионите, а Вардар три победи и еден нерешен резултат, па со победа вечерва ќе ја преземе лидерската позиција.

Вардар и Веспрем веќе се сретнаа во СЕХА лигата оваа сезона, во Унгарија и победија домаќините со убедливи 31:27.

Еден од најдобрите ракометари на Веспрем, Ренато Сулиќ за вечерашниот дуел против македонскиот вицепрвак Вардар вели дека ќе биде еден од најтешкиот за унгарската екипа во досегашниот тек од сезоната.

– Сигурно дека ова е најтешкиот натпревар за нас досега. Дојдовме во една сала каде што е тешко да се игра и против многу силна екипа. Вардар сигурно ќе биде еден од најдобрите тимови во Европа во следните неколку години. Дојдовме подготвени, имавме малку проблеми со повреди, но на паркетот најдобро ќе се знае како стојат работите. Ние ќе ја играме нашата игра, со цврста одбрана и што е можно повеќе лесни голови, па кој е подобар нека победи, изјави пивотот на Веспрем Сулиќ.

Натпреварот од 5.коло во Лигата на шампионите меѓу Вардар и Веспрем ќе почне во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност