Тројца француски пратeници се соочуваат со судско гонење

Од:

Тројца француски пратеници од редовите на опизициската Унија на народноот движење (УМП), ризикуваат судско гонење откако антикорупциската комисија откри дека нивните јавни изјави за имотот се нецелосни, јави дописникот на МИА од Париз.

Француските пратеници без разлика на нивната политичка припадност долго се противеа на јавното истакнување на нивните имотни изјави при стапувањето на функција, но по скандалот со поранешниот социјалистички министер за буџет Жером Каузак, кој поседуваше банкарски сметки во Швајцарија, работите се променија.

На иницијатива на француксиот претседател Франсоа Оланд беше донесен закон со кој пратениците сега имаат законска обврска да го пријавуваат нивниот имот и приходи.

Имено, според комисијата, пратеници Бернар Броншан и Лусиан Дегоши и сенаторот Бруно Сидо, „заборавиле да го пријават сиот свој имот“, односно дека поседуваат „добра во странство“.

Иронијата да биде поголема Брошан беше најгласен во барањето за пријавување на данокот, тврдејќи во пролетта 2013 година дека од 2001 за време на сите негови четири мандати го пријавувал својот имот, барајќи истото да го направт и другите. Тој притоа посебно се истакна со критиките на сметка на поранешниот министер Жером Каузак, за кој не посакуваше да се врати во Собранието по откриената афера со прикривање на приходите.

Според законската обврска, ако еден француски парламентарец заборави да пријави значаен дел од својот имот или ако даде лажна проценка на истиот, ризикува три години затвор и 45,000 евра парична казна. Законот за транспарентност во јавниот живот беше усвоен во октомври 2013 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм