Натпреварите од 5. коло одиграни синоќа од кошаркарската Евролига минаа во знак на играчот на Фенербахче Ендрју Гудлок, кој постави рекорд по бројот на уфрлени тројки на еден натпревар. Гудлок е првиот играч со 10 тројки на еден натпревар од 13 обиди и секако е најзаслужен за победата на неговата екипа Фенербахче на гостувањето кај Баерн. Тој натпреварот го заврши со 34 поени, сите постигнати од поле.
Досега по девет тројки на еден натпревар имаа: Саулиус Штомбергас од 13 обиди, Мирза Телетовиќ од 13 обиди и Томас Келати од 19 обиди.
Резултати и двојки од 5.коло:
А група: Уникс Казан – Нижни Новгород 73:79, Анадолу Ефес – Реал Мадрид (играат вечерва) и Динамо Сасари – Жалгирис (играат вечерва).
Табела: Реал Мадрид 4-0 (победи-порази), Жалгирис 3-1, Анадолу Ефес 3-1, Нижни Новгород 2-3, Уникс Казан 1-4, Динамо Сасари 0-4.
Б група: Уникаха – Макаби 66:70, Цедевита – АЛБА (играат вечерва), Лимож – ЦСКА Москва (играат вечерва).
Табела: ЦСКА Москва 4-0, Уникаха 3-2, Макаби 3-2, АЛБА 1-3, Цедевита 1-3, Лимож 1-3.
Ц група: Баерн Минхен – Фенербахче 86:93, Емпорио Армани – Туров 90:71, Барселона – Панатинаикос (играат вечерва).
Табела: Барселона 4-0, Панатинаикос 3-1, Фенербахче 3-2, Емпорио Армани 2-3, Баерн 1-4, Туров 1-4.
Д група: Нептунас – Валенсија 94:87, Лаборал – Црвена Звезда 66:86 и Олимпијакос – Галатасарај 93:66.
Табела: Олимпијакос 5-0, Црвена Звезда 3-2, Галатасарај 2-3, Лаборал 2-3, Нептунас 2-3, Валенсија 1-4.