Мртов кит закана за Франција

Од:

Француските власти бараат начин како да се ослободат од телото на угинат кит, кое е забележано на плажа во близина на Монтпелиер и се заканува со експлозија.

Една од опциите која е во игра е телото за кое што се претпоставува дека е тешко околу 15 тони, да го вратат назад во морето и да го разнесат со динамит, додека втор начин е со дигалка да го однесат на друго место на копното.

Инаку подрачјето околу китот е затворено за јавноста, бидејќи постои опасност да дојде до експлозија на самото тело.

-Поради топлина се создаваат гасови во внатрешноста на мртвото тело и затоа е толку големо. Гасовите се собираат се додека не дојде до експлозија – рече Анеич Черон, од националниот резерват Камаг.

На почеток на годинава во еден канадски град настана паника поради иста ситуација, бидејќи експлозијата може да ослободи опасни бактерии.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм