Илјадници медицински сестри во САД протестираа за подобра заштита од ебола

Од:

Илјадници медицински сестри во САД учествуваа на протести и штрајк со барања за подобра заштита за медицинските работници кои се грижат за заболените од ебола, јави ДПА.

Според Националниот сојуз на медицински сестри, околу 100.000 лица протестирале во 15 држави и во престолнината Вашингтон.

Сојузот бара болниците да набават специјални респиратори и заштитна облека, која го покрива целото тело, како и да спроведат поголема обука за медицинските сестри, кои се грижат за болните од ебола.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека порачал лична опрема за заштита во износ од 2,7 милиони долари за болниците, но сојузот на медицински сестри смета дека тоа не е доволно.

Би можело да ве интересира

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Шмихал: Украинската влада го одобри потпишувањето на договорот меѓу Украина и САД

Горан Наумовски

„Економист“: Зеленски не планира да потпише економски договор со САД

Маск открива: САД ќе банкротираат

Америка ја поддржува пресудата против Додик

Горан Наумовски

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски