Бозкар: ЕУ го успорува преговарачкиот процес со Турција

Од:

Европската унија го успорува преговарачкиот процес на Турција, изјави денеска турскиот министер за ЕУ, Волкан Бозкар на 75-та седница на парламентарната Комисија Турција-ЕУ во Брисел.

Тој истакна дека Унијата е одговорна за успореното темпо на преговарачкиот процес на Анкара и оти Брисел треба да се придржува кон обврските кон Турција и да не создава „политички бариери“.

Бозкар наведе дека од почетокот на преговорите со ЕУ, од 30 октомври 2005 година, отворени се само 14 од вкупно 35 поглавија, а само едно е затворено.

– За жал преговарачкиот процес не тече како што треба. Процесот се соочува со отпор од одредени земји-членки. Седумнаесет поглавија се уште се блокирани од политички причини, посочи Бозкар.

Тој истакна дека ЕУ со другите земји-кандидати прво ги разгледувала прашањата за човековите права, за судскиот систем, за независноста и безбедноста, а со Турција тие поглавија не се отворени.

Турција ги почна преговорите за членство во ЕУ во 2005 година, но поради кипарското прашање, но и противењето од Германија и од Франција голем дел од процесот е блокиран.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ