Европската унија не сака да заземе став во однос на вчерашниот необврзувачки референдум за независност на шпанската провинција Каталонија, на кој речиси два милиони луѓе гласаа за отцепување од Шпанија.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, портпаролт на Европската комисија, Маргаритис Схинас, денеска посочи дека неформалната Влада на Унијата нема зошто да го коментира исходот на овој „референдум“.
– Не е работа на Еврокомисијата да изразува мислење за внатрешни прашања. Ова прашање е во рамки на Уставот на нашите земји-членки, беше дециден Схинас.
По вчерашната огромна излезност со висок процент на позитивни гласови за отцепување на Каталонија од Шпанија, оваа изјаснување сепак испрати порака до ЕУ дека лавината референдуми за сецесија на териториите на земјите-членки на Унијата, што започна со Шкотска минатиот месец, се уште не се завршени и дека допрва следуваат вакви барања.