Мартин Шулц: Европа не треба да ги затвора каналите за дијалог со Русија

Од:

Европа треба да ги држи отворени каналите за дијалог со Русија, изјави вчера во Берлин претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, цитиран од ТАСС.

Шулц ова го кажа во Домот на светските култури во германската престолнина, во говорот што се однесуваше на актуелниот украински конфликт.

– Дали тоа ни се допаѓа или не, но Русија е клучна држава и постојана членка на Советот за безбедност на ОН, рече тој, додавајќи дека „конфликтот во Украина може да се надмине само на мирен начин“.

– Треба отворено да признаеме дека се залагаме за зачувување на територијалната  целост на Украина, но при тоа треба да ги држиме отворени каналите за комуникација со Русија, подвлече Шулц.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска