Берлинскиот ѕид

Од:

На 13 август 1961 година, Комунистичката влада во Германската демократска република (ДДР или Источна Германија) почна да гради „Антифашистишер шуцвал“ или „антифашистички ѕид“ од бодликава жица и бетон помеѓу источен и западен Берлин. Официјално, целта на овој Берлински ѕид била да ги спречи западните „фашисти“ да влегуваат во Источна Германија и да ја уриваат социјалистичката држава, но првенствено служел како објект за да се спречат масовни пребегнувања од исток кон запад. Берлинскиот ѕид (по)стоеше се до 9 ноември 1989 година, кога шефот на источногерманската Комунистичка Партија најави дека граѓаните од ДДР можат да ја минуваат границата кога тоа ќе го посакаат. Некои слободно преминаа во западен Берлин, додека други земаа чекани и шипки и почнаа да го рушат ѕидот. До денес, Берлинскиот ѕид останува како еден од најмоќните и издржани симболи од Студената војна.

Поделбата на Берлин

Додека Втората светска војна доаѓаше до својот крај во 1945 година, неколку мировни конференции на сојузничките сили на Јалта и Потсдам ја одредија судбината на територијата на Германија. Тие го поделија поразениот народ во четири „сојузнички окупациски зони“. Источниот дел од земјата му припадна на Советскиот Сојуз, додека западниот на САД, Велика Британија и (евентуално на) Франција.

Иако Берлинскиот ѕид беше лоциран целосно во советскиот дел од земјата (или на околу 100 милји од границата помеѓу источната и западната окупациска зона), договорите од Јалта и Потсдам го поделија градот на еднакви сектори. Советите ја земаа источната половина, додека другите сојузници ја земаа западната. Оваа четринасочна окупација на Берлин започна во јуни 1945 година.

Блокадите и кризите

Постоењето на западен Берлин, сомнителниот капиталистички град длабоко во комунистичка Источна Германија, „се заглави како коска во советското грло“, како што се изрази тогашниот советски лидер Никита Хрушчов. Русите почнаа да маневрираат за засекогаш да ги истераат САД, Велика Британија и Франција надвор од градот. Во 1948 година, советската блокада на западен Берлин беше со цел да ги изгладнат западните сојузници и да ги истераат надвор од градот. Но наместо да се повлечат, САД и сојузниците им доставуваа намирици на нивните сектори од воздух. Овој обид, познат како „Берлински воздушен лифт“, траеше повеќе од една година и беа доставени повеќе од 2,3 милиони тони храна, гориво и други добра во западен Берлин. Советите ја укинаа блокадата во 1949 година.

По една деценија релативен мир, тензиите повторно се распалија во 1958 година. Во следните три години, советите засилени со успешното лансирање на сателитот Спутњик во претходната година и посрамотени од навидум непрекинатиот одлив на бегалци од исток кон запад (скоро три милиони по крајот на блокадата, повеќемината од нив млади искусни работници како што се лекари, наставници и инженери) – се разжестија и се заканија на што сојузниците се возвратија. Дојдоа самити, конференции и друг вид на преговори и си заминаа без никаква резолуција. Во меѓувреме, напливот од бегалци продолжи. Во јуни 1961 година, околу 19,000 луѓе заминаа од ДДР преку Берлин. Следниот месец избегаа 30,000. Во првите денови на август, 16,000 источногерманци ја преминаа границата во западен Берлин, а на 12 август по нив заминаа уште 2,400 – што е најголем број на пребегани кои ја напуштиле Источна Гермнаија за само еден ден.

Градење на ѕидот

Таа ноќ, премиерот Хрушчов и даде дозвола на владата на Источна Германија да го сопре одливот на емигранти со затворање на границата засекогаш. За само две недели, армијата на Источна Германија, полициските сили и градежни работници волонтери го завршија бетонскиот и со бодликава жица ѕид – Берлинскиот ѕид – кој го подели градот од едниот до другиот крај.

Пред да биде изграден ѕидот, берлинците од двете страни на градот можеа да се движат речиси слободно: тие ја преминуваа границата исток-запад за да работат, да купуваат, да одат во театри и во кина. Возовите и подземната железнициа пренесуваа патници и наваму и натаму. Откако беше изграден ѕидот, стана невозможно да се премине од исток во запад освен преку еден од трите контролни пункта: кај Хелмштед („преминот Алфа“ во американскиот воена речник), кај Дрејлинден („преминот Браво“) и во центарот на Берлин кај Фридрихштрасе („преминот Чарли“). (Подоцна ДДР изградија 12 премини долж ѕидот). На секој од овие премини, источногермански војници ги проверуваа дипломатите и другите службени лица пред да им биде дозволено да влезат или да заминат. Освен под специјални околности, на патниците од источен и западен Берлин ретко им се дозволуваше да ја преминуваат граниата.

1961-1989

Изградбата на Берлинскиот ѕид го сопре одливот на бегалци од исток кон запад, и ја намали кризата над Берлин. (Иако не беше задоволен со тоа, претседателот Кенеди рече дека „ѕидот е многу подобар од војната“). Со текот на времето, службени лица од Источна Германија го заменија привремениот ѕид со поцврст и потежок за прекачување. Четири метри висок, еден и пол метар широк, масата од излиен бетон засилена со огромна цевка со која прекачувањето стана скоро невозможно. Зад ѕидот од источногерманска страна беше направен таканаречениот „јаз на смртта“: појас од мек песок (на кој остануваа траги), водени јазови, опасни кучиња, митралези и војници кои патролираат со цел да пукаат врз бегалците кои ќе бидат забележани.

Севупно, најмалку 171 души беа убиени во обид да пребегаат, под или преку Берлинскиот ѕид. Но сепак, бегството од Итсочна Германија не беше невозможно. Од 1961 па се до падот на ѕидот во 1989 година, повеќе од пет илјади источногерманци (меѓу кои и околу 600 граничари) успеаја да ја премиат границата со скокање од прозорци близу до ѕидот, со прекачување преку бодликавата жица, со прелети со балони на топол воздух, со ползење низ канализацијата и со возење низ необезбедуваните делови од ѕидот со голема брзина.

Падот на ѕидот

На 9 ноември 1989 година, кога Студената војна почна да се растопува низ Источна Европа, портпарол на источногерманската Комунистичка партија најави промена во односите на градот со западот. Тој рече дека почнувајќи на полноќ тој ден, граѓаните на ДДР се слободни да ги минуваат гранциите на земјата. Источните и западните берлинци се собраа на ѕидот, пиеја пиво и шампањци и пееја: „Тро ауф“ („Отворете ја портата!“). На полноќ тие минуваа во огромни бранови преки контролните пунктови.

Тој викенд, повеќе од два милиони луѓе од источен Берлин го посетија западен Берлин за да учествуваат во прославата која, како што напиша еден новинар, „е најголемата улична забава во историјата на светот“. Луѓето користеа чекани и шипки да кршат парчиња од ѕидот – и тие подоцна станаа познати како „мауершпехте“ или „ѕидоклукајдрвци“ – додека кранови и булдожери уриваа дел по дел од него. Наскоро, ѕидот исчезна и Берлин беше обединет за првпат по 1945 година. Еден берлинец со спреј напишал на ѕидот: „Дури денес војната навистина заврши“.

Обединувањето на источна и западна Германија официјално беше изведена на 3 октомври 1990 година, речиси една година по паѓањето на Берлинскиот ѕид.

History.com

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани