Непал: Во одрон од лавина загинаа девет алпинисти

Од:

Најмалку девет алпинисти загинаа во одрон од лавина, непосредно пред тие да успеат да се искачат до непалскиот врв Манаслу на 8.156 метри, соопшти непалската полиција.

Во групата алпинисти имало Французи, Германци и Италијани, пренесува АФП.

„Најдовме девет тела, меѓу кои и телото на еден водич. Познат ни е идентитетот на еден од алпинистите, кој е германски државјанин. Ни останува да ги идентификуваме другите седум“, соопшти официјално лице од локалната полиција.

„Околу 25 алпинисти тргнале кон врвот Манаслу, кога во еден момент дошло до одрон на лавина. Тринаесет луѓе успеале да се спасат. Пет се веднаш префрлени со хеликоптер во болница“, додаде официјалното лице.

Манаслу е осма највисока планина на светот и се смета за една од најопасните.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ