Ромпуј: Соработката меѓу Париз и Берлин е клучна за ЕУ

Од:

Правилното функционирање на Европската унија зависи од способоста на двете најголеми земји-членки, Франција и Германија, за надминување на своите разлики, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

– Навистина, тие се само две од 28. земји-членки, но претставуваат политичкиот и економскиот начин на мислење во Унијата и ако не се договорат за заедничка насока, работите стануваат многу тешки. Нивното согласување не е доволен услов, но често е неопходен, посочи Ромпуј на конференцијата во Рим.

Тој за помалку од еден месец ќе биде заменет од досегашниот полски премиер Доналд Туск. Како најголеми предизвици за време на петгодишниот мандат Ромпуј ги наведе кризата со еврото и украинската криза.

– Украинската криза беше една од најсериозните закани за европската безбедност по завршувањето на Студената војна. Кога си играш со границите, значи си играш со мирот, посочи Ромпуј.

Тој наведе дека ЕУ ќе се соочи со егзистенцијална закана, ако не се справи со продолжената економска криза.

– Ако не успееме да им покажеме на луѓето конкретни резултати во економскиот развој и отворање на работни места во следните години, ако не можеме да демонстрираме дека сите тие жртви и напори даваат резултати, европската идеја ќе биде под сериозен притисок, истакна Ромпуј.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ