Во Германија почна одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид

Од:

Германскиот Парламент денеска гo почна одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Кулминацијата на свеченостите ќе биде во недела на 9 ноември, датумот што доведе до обединување на Германија 11 месеци подоцна.

Претседателите на групите на одделните партии во Долниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот, се присетија од говорницата на личните спомени од тоа време.

– Ѕидот се претвори во чудовиште, ужасна граница, на која Германци ги губеа животите, затоа што сакаа подобар живот, рече социјалдемократката Ирис Глајке.

– Денот, на кој падна Ѕидот, е историски за германскиот народ, изјави христијандемократката Герда Хаселфелт. Таа потсети дека историскиот настан се случил без да биде пролеана ниту една капка крв, без да биде испукан ниту еден куршум.

Градските власти очекуваат околу два милиони посетители во текот на трите дена одбележување, кое почнува со пуштање на над 8.000 светлечки балони од местото на кое урнат Берлинскиот ѕид.

На секои 150 метри ќе бидат поставени плакати на кои ќе бидат означени некои историски факти за Берлинскиот ѕид.

Кај Брандербуршката порта и на други места ќе се организираат посебни тури на урнатините на ѕидот.

Берлинскиот ѕид, симбол на Студената војна и дел од „железната завеса“ го изгради во 1961 година комунистичката Германска Демократска Република (ДДР), сметајќи го „антифашистичка заштита“, а на западот тоа беше „ѕид на срамот“.

Ѕидот 28 години подоцна е урнат под притисок на стотици илјади демонстранти. Речиси една година подоцна, на 3 октомври 1990 година официјално е прогласено обединување на Германија.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани