Поради еболата во три земји страда цела Африка

Од:

Претставници од туристичкиот сектор на африканските земји ги повика патниците да не го бојкотираат нивниот континент поради еболата, нагласувајќи дека епидемијата е ограничена само на три земји, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

– Африка не е држава, туку континент, потсети Оли Рајт, директорка на Здружението за туризам за западна Африка со седиште во Нигерија на вчера отворениот Светски саем за туризмот во Лондон (WTM).

Смртоносниот вирус доведе до катастрофален пад на прометот на туристичките агенции во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, но погодени се и нивните блиски соседи, како и источните и јужните делови од континентот.

Туристичките претставници од западна Африка го искористија саемот за да покренат нова кампања за поддршка на населението на земјите погодени од епидемијата на ебола, насловена како „Обединети за западна Африка“ (UniteWestAfrica) за собирање пари и промовирање на „позитивна слика“ за континентот.

Единствен случај на ебола во Сенегал беше потврден на 29 август, додека во Нигерија се регистрирани 20 случаи на заболени од овој вирус, а осум имаат смртоносен исход.

Според податоците на Светската здравствена организација од ебола досега починале 4.818 луѓе, од кои освен 27 случаи, сите се од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, трите најтешко погодени држави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска