Иџе оди во Австрија по шампионската круна

Од:

Новата македонска спортска сензација, Игор Стефановски – Иџе викендов во Тулвиц, Австрија и официјално ќе се закити со титулата Европски шампион на ридски патеки во Категорија 1. Австрискиот град каде што се одржува една од трките во Европското првенство на ридски патеки оваа година ќе биде домаќин на гала вечерта на прогласување на најуспешните на европските ридски патеки за 2014 година.

На манифестацијата ќе бидат прогласени и официјално доделени пехарите за најуспешните во сите натпреварувања на ридски патеки кои се организираат под капата на ФИА. Секако, најголеми ѕвезди на вечерта ќе бидат нашиот Стефановски и останатите носители на титулите во најсилното и најпрестижното натпреварување на ридски патеки на стариот континент.

Освен лауреатите за оваа сезона, на манифестацијата ќе бидат присутни високи гости од ФИА како и делегации од сите организатори на 12-те трки од календарот на Европското првенство.

Да потсетиме, Иџе со своето натпреварувачко возило во својата дебитантска сезона во Европскиот шампионат убедливо ја освои титулата во својата конкуренција победувајќи на 8 од 12-те трки во својата група Н со импресивни настапи на сите трки и неколку соборени рекорди на патеките во својата група. Иџе беше големо изненадување и вистинско освежување во ова натпреварување каде што целосно блесна со својот талент, па и покрај скромните средства и услови во однос на останатите конкуренти стигна до најголемиот успех како за него лично, така и за македонскиот автомобилизам воопшто.

Сепак, нема да остане многу време за славење, во тимот на Иџе веќе се работи на подготовките за новата сезона, а за идните проекти и планови информациите ќе следуваат во следниот период.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски