Некогашната ГДР и продавала на Западна Германија Источногерманци кои трајно се префрлани од Истокот на Западот во поделената земја

Од:

Некогашната Германска Демократска Германија (ГДР) и продавала на Западна Германија, за пари и за стока, Источногерманци кои трајно се префрлани од Истокот на Западот во поделената земја, открива германскиот историчар Андреас Апелт.

Ваквата ситуација, да се продаваат луѓе, историчарот Апелт ја објаснува со „очајната и катастрофално лоша состојба“ на источногерманската економија, пред и по подигнувањето на Берлинскиот ѕид на почетокот од шеесетите години на 20-от век, но бизнисот со луѓе меѓу двете Германии продолжил се до почетокот на ноември 1989 година, кога ѕидот што го раздвојуваше Берлин конечно беше урнат.

Ѕидот е подигнат за да се спречи забрзаниот одлив и бегството на Германците кои останаа во некогашната советска окупациска зона, во која беше создадена комунистичката ГДР, во Западна Германија.

Кога комунистичките власти во ГДР забележаа дека земјата ќе остане без сите високо образовани и високостручни кадри, беше подигнат ѕид кои го раздели Берлин на источен и западен. Во 1964 година кога ГДР се најде на работ на банкрот, била создадена шема за предавње на политичките затвореници за конвертабилна валута.

Меѓу 1964 и 1989 година, ГДР на Западна Германија и продала 33.755 политички затвиреници, заедно со околу 250 илјади нивни роднини. За овие луѓе, ГДР наплатила повеќе од 3,5 милијарди германски марки. Освен за пари, источните Германци продавале свои луѓе и за производи кои постојано недостасуваа на Истокот, како кафе, бакар или масло за јадење.

Двете страни имаа интерес од оваа трговија со луѓето. На ГДР и беа многу потребни западните пари, а на Западна Германија и беше многу важно да ги ослободи луѓето кои беа чувани по затворите во мизерни услови, најчесто без пресуди и изложени на тортура, вели историчарот Апелт.

За него е разбирливо што „бизнисот со луѓе“ и двете страни сакале да остане во тајност. Тоа, според него, посебно и било важно на западната држава, која не сакала да биде обвинета дека со ваквата „трговија“ го помага и го одржува во живот комунизмот на Истокот.

Луѓето кои биле откупувани, биле тајно префрлани, главно ноќе, на другата страна од Ѕидот преку подземните тунели на берлинското метро или со автобуси без регистарски таблички.

Берлинскит ѕид почна да се гради на 13 август 1961 година, откако во текот на ноќта градот беше поделен со бодликава жица. Западниот дел остана изолиран во поделениот град и од сите страни заобиколен од ГДР. Беа подигнати повеќе од 300 стражарски и контолни места. Официјално 136 лица загинаа во обидот да избегаат преку ѕидот, иако се веруваа дека таа бројка е шест пати поголема.

Берлинскиот ѕид беше урнат на 9 ноември 1989 година.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани