Штрајк на вработените во германската железница

Од:

Штрајкот на германските железничари предизвика денеска голем метеж на автопатиштата. Тоа предизвика и шпекулации дали во текот на викендот во Германија ќе има недостиг на бензин и покрена ретка интервенција на канцеларот Ангела Меркел која побара посредник за решавање на проблемот.

– Може само да апелирам на нивното чувство за одговорност да пронајдат решение што ќе предизвика најмала можна штета за сите нас во државата со задржување на правото на штрајк, изјави Меркел.

Медиумите најавуваат дека надлежен суд денеска ќе одлучува за судбината на тој штрајк и дали по барање на Дојче бан може да се забрани.

Шефот на синдикатот Клаус Веселски предупреди денеска дека железницата мора да се откаже од тоа да ги намалува основните права на машиновозачите и побара преговори. Колони возила на автопатиштата, метеж и нервозни патници на железничките станици се дел од денешната слика за штрајкот на германската железница.

Медиумите јавуваат дека на германските автопатишта има колони долги вкупно 350 километри, а најдолгата е 30 километри меѓу Штутгард и Хајброн на автопатот А81.

Германските машиновозачи во борба за подобри услови за работа и повисоки плати организираа четиридневен штрајк, најдолг во историјата, што ќе трае до понеделник при што ќе работат само 30 отсто од капацитетите на Дојче бан.

Освен во товарниот, од денеска штрајкуваат и машиновозачи во патничкиот сообраќај, а медиумите укажуваат дека во правец кон Берлин, каде овој викенд се прославува 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, може да се случат потешкотии во превозот.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани