Најнесреќни се јужнокорејските деца

Од:

Јужнокорејското Министерство за здравство соопшти дека Јужна Кореја се наоѓа на дно на листата од 30 држави, од аспект на задоволството кое го чувствуваат децата.

-Најрелевантен фактор кој влијае на задоволството во животот на децата е академскиот стрес, потоа следат насилствата во училиштето, зависноста од интернет, – соопшти министерството.

Претседателот на Светската банка, Џим Јанг Ким кој што и самот е роден во Јужна Кореја вели дека образовниот систем ги оптеретува децата, бидејќи е фокусиран на натпревари и секојдневна повеќечасовна работа.

Резултатите од Јужна Кореја се споредени со истражувања во 27 држави од Организацијата за економска соработак и развој ОЕЦД и Романија, Летонија и Литванија.

Националниот завод за статистика соопшти дека повеќе од половината јужнокорејски деца на возраст од 15 до 19 години, кои имаат суицидни идеи, велат дека причина за тоа се академската работа и уписот на факултет.

Родителите во Јужна Кореја се познати по тоа што децата ги запишуваат во специјални училишта, каде што наставата трае до доцните вечерни часови, а децата заочнуваат учат англиски јазик уште во градинка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски