Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска потврди дека е решен да го види реализиран проектот за гасоводот „Јужен поток“, ден откако парламентот во Будимпешта усвои законски измени со кои се отвора пат за изградба на унгарскиот дел од проектот.
– Иако има немири во Украина, гасот треба да стигне до Унгарија. За таа цел имаме потреба од друг гасовод, што не минува низ Украина, истакна Орбан.
Германија веќе го изгради „Северен поток“ и можат да ја избегнат Украина како потенцијален извор на опасност. Не сакаме ништо повеќе од тоа, што го сакаат Германците, истакна унгарскиот премиер.
Вчера унгарскиот Парламент усвои со 131 наспроти 35 гласа амандмани, со кои се дозволува изградба на гасоводот.