Меркел: Нема причини за укинување на европските санкции кон Русија

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска го изрази своето незадоволство од однесувањето на Русија кон Украина и изјави дека нема причини за кревање на европските санкции против Москва, пренесоа американските медиуми.

Меркел и натаму посакува дипломатско решение на украинската криза, но, според неа, настаните од минатата недела покажуваат „колку тешко е дури и да се почитуваат постигнатите спогодби, ако се имаат предвид незаконските избори“.

Русија ги поддржа изборите на териториите во источна Украина, што се контролирани од бунтовниците, а кои се оддржаа во неделата.

Според Владата во Киев и Западот, овие избори значат прекршување на мировните спогодби од Минск, потсетуваат американските медиуми.

– Русија уште не дејствува на начинот на кој ние би сакале, особено околу состојбата во Луганск и Доњецк, рече Меркел во Берлин на конференцијата, организирана од Унијата на германските работодавачи.

– Спогодбите од Минск требаше да бидат основата, па затоа економските санкции се неизбежни и во моментов нема причина за нивно кревање, подвлече германскиот канцелар.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“