Рускиот пилот Павел Петренко, кој 1,5 година помина во заробеништво кај талибанците во Авганистан, денеска се врати во Русија, јави ТАСС.
Петренко слета на московскиот аеродром „Шереметиево“, при што се заблагодари на Русија и на Руската амбасада во Кабул за неговото ослободување. Тој посочи дека нема забелешки на однесувањето на талибанците кон него.
Петренко беше заробен од талибанците на 21 април 2013 година, кога хеликоптерот Ми-8, во сопственост на приватна авганистанска компанија, принудно слета во источната провинција Логар.
Ослободувањето на Петренко уследи по долгите преговори со талибанците со авганистанско посредство.