Бензите од полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 73,00 денари, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 75,00 ден/лит.
Еуродизелот (Д-Е В) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат за 62,50 односно 51 денар за литар.
За 1,058 денари поевтинува и мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 34,835 денари.