Со два натпревари попладнево, ќе стартува три дневната програма во регионалната кошаркарска АБА лига.
Во Софија, Левски ќе биде домаќин на Крка, додека во Љубљана, Олимпија го пречекува составот на Металац.
Утре од 18 часот во СЦ „Јане Сандански„ македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе има тешка задача во дуелот со евролигашот Цедевита од Загреб.
Покрај овој меч, во недела ќе се играат и дуелите: Цибона – Шолнок, Игокеа – Партизан и Црвена звезда – Будуќност.
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Мега Визура – Задар.
Табела: Црвена звезда 10 бодови, Будуќност 10, Крка 9, Цедевита 8, Унион Олимпија 8, Шолнок 8, Мега Визура 8, Задар 7, МЗТ Скопје Аеродром 7, Партизан 7, Игокеа 6, Цибона 6, Левски Софија 6 и Металац 5.