Следниот противник на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, загрепска Цедивита загуби пред својата публика од московска ЦСКА во натпревар од 3.коло на кошаркарска Евролига.
На средбата одиграна синоќа во Загреб, кошаркарите на Цедевита загубија со 72:76. Решавачка беше чтетата четвртина која гостите од Москва ја добија со 17:10. Во победничкиот тим по 14 поени постигнаа Милош Теодосиќ и Нандо Де Коло. Во екипата на Цедевита, Немања Гордиќ постигна 21, Роко Лени-Укиќ беше стрелец на 13, а Миро Билан придодаде 10 поени.
Загрепскиот тим вечерва доаѓа во Скопје, а во недела од 18 часот гостува во СР „Јане Сандански„ на мегдан на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Покрај овој натпревар вчеравечер во Евролигата се одиграа уште пет средби.
Б група: Цедевита – СЦКА Москва 72:76 и Уникаха – Лимож 75:69.
Ц група: Баерн Минхен – Армани 74:81 и Барселона – Туров 85:67.