Спречено ширењето на озонската дупка

Од:

Последните години се се почести предупредувањата за ширење на озонската дупка, но најновата студија на НАСА покажа дека дупката во Земјината обвивка  над Антарктикот повеќе не се шири.

Анализата покажа дека на 11 септември површината на дупката изнесувала 24 милиони квадратни километри, што значи дека се задржала на истата површина како и во 2013 година.

Тоа во голема мерка е помала површина од онаа во 2000 година, кога достигна историски висок рекорд од речиси 30 милони квадратни километри.

Фактот кој посебно охрабрува е тоа што дупката стагнира од 2010 година.

Озонската обвивка формира слој околу планетата и штити од штетното ултравиолетово зрачење кое предизвикува рак на кожата и оштетување на билките.

Сепак, можеби прерано е за радување. Едно ново истражување покажа дека во атмосферата се наоѓа неочекувано големо количество јаглен тетрахлорид, кој ја прекинува хемиската струкура на озонот и го уништува.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината