Властите во Мјанмар денеска најавија дека ќе направат уставни измени со кои и водачот на опозицијата, познатата Аунг Сан Су Ќи ќе има право да учествува на изборите за претседател што ќе се одржат идната година.
Одлуката за почеток на процесот за промена на Уставот е донесена на состанокот на претседателот на Мјанмар Теин Сеин со лидерите на поголемите политички партии и племенски раководители на кој се договараше платформа за мирно решавање на повеќедецениските политички и вооружени конфликти во Мјанмар.
За да се измени Уставот треба да се обезбеди поддршка на најмалку 75 посто од членовите на Парламентот. Според сегашниот Устав и армискиот врв има право на вето на секој амандман на Уставот, донесен во 2.008 година, по формалното укинување на военото владеење во поранешна Бурма.
Според овој Устав, Аунг Сан Су Ќи нема право да се кандидира за претседател, бидејки нејзиниот сопруг и двете деца имале и странско државјанство. Аунг Сан е една од најпознатите жени кои се борат за демократија во својата земја, а е и добитничка на Нобеловата награда за мир.