Луѓето умираат, политичарите се препукуваат, а лек нема

Од:

До јануари 2015 година од ебола може да настрадаат милион луѓе, а ако здравствените напори не бидат барем пропорционални на ширењето на епидемијата, бројот на жртвите ќе биде и поголем, предупредуваат канадските научници.

Епидемијата на ебола, на која не и се гледа крајот, се повеќе станува прашање на политички пресметки на големите сили, а се разгорува и фармацевстката војна за пазарот, наведуваат експертите.

Наглото ширење на еболата по африканските земји ги наведува научниците на црни заклучоци. Ако наскоро не се најде делотворно средство против вирусот, бројот на заболените ќе се зголеми со геометриска прогресија.

Превентивните мерки, како што се рана дијагностика и изолација, можат да помогнат епидемијата да се држи под контрола.

Проблемот е во тоа што многу жители на западна Африка не веруваат на лекарите и повеќе сакаат да седат болни и да умрат дома, повеќекратно ја зголемуваат опасноста по околината.

Научниците предупредуваат дека дури и епидемијата на ебола станува политички жеток во глобалните игри. Секретарот за печат на претседателот на САД Џош Ернест ги посочи Кина и Русија, дека наводно не прават доволно за спречување на еболата.

– Нашиот претседател Барак Обама истапи напред и го покажа американското водство во овој проблем – изјави Ернест на брифинг во Вашингтон.

Научниците предупредуваат дека САД премногу се фалат, ако се земе предвид дека нивниот придонес против еболата во Либерија до сега е полска болница со само 25 кревети.

А и таа болница е наменета за локалните лекари кои можат да се заразат од вирусот, па затоа сега е празна.

Освен тоа, САД се одлучија да испрата во Либерија 4.000 војници. Но, нивната задача сеуште не е конечно одредена.

Што се однесува до вакцина против ебола, таа не постои.

Фармацевтите од разни земји, од САД, Русија и Кина, имаат перспективни разработки на препарати против вирусот, но ниту еден од нив не ги помина клиничките тестирања на луѓе.

Откако болеста влезе на територијата на САД; владата даде дозвола да се користат експерименталните средства. Резултатот е: 50:50 кога се работи за успешноста.

Еден пациент кој се лечел во американската болница умрел, а друг оздравел.

Руското средство сеуште не е испробано на луѓе заразени со ебола, но прелиминарното тестирање зборува за висока ефективност, наведе министерот за здравство на Русија Вероника Скворцова.

– Моментално подготвивме вакцина и ги ослабевме актуелните слоеви на вирусот. Сега се изработува доволна количина на овој препарат за да се повтори експериментот на примати и да се премине на клиничко тестирање – наведе таа.
Се работи за препарат кој во експериментите покажал висок ефект на разни видови на хеморалгични трески, меѓу другото и на треската марбург – што е најблиска до варијантата на треската од ебола.

Ефикасноста на рускиот препарат, наводно изнесува од 70 до 90 отсто.

Кина има сопствена варијанта на вакцина. Таа не е испробана на пациенти заразени со ебола, иако добро се покажала против други вируси.

 

Бука – Сараево

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски