Македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски синоќа постигна четири поени во дуелот на неговата екипа Алба на домашен терен со европскиот првак Макаби од 3. коло од Евролигата. Алба натпреварот го загуби со 69:84, а Стојановски на теренот мина нецели 12 минути. Нашиот кошаркар имаше шут за два поена еден успешен од два обида, а од линијата за слободни фрлања 2/2 , два скока и една украдена топка.
Синоќа се одиграа шест натпревари од 3.коло од Евролигата: Уникс Казан – Динамо Сасари 85:62, Анадолу Ефес – Жалгирис 62:65, Реал Мадрид – Нижни Новгород 112:83 (А група), Алба – Макаби 69:84 (Б група), Панатинаикос – Фенербахче Улкер 91:73 (Ц група), Црвена Звезда – Валенсија 76:63 (Д група).
Вечерва се играат натпреварите: Цедевита – ЦСКА Москва, Уникаха – Лимож (Б група), Баерн – Емпорио Армани, Барселона – Туров (Ц група), Нептунас – Олимпијакос и Лаборал – Галатасарај (Д група).