Кошаркарот на Мега Визура Ненад Миљеновиќ е прогласен за МВП на АБА лигата за месец октомври. Тој имаше просечен биланс од 26 индексни поени и заслужено е првиот играч кој го добива ова признание.
– Првпат АБА доделува ваква награда и навистина сум почестен што токму јас сум избран за МВП во октомври. Овој месец беше сјаен за цел клуб поради тоа што Мега оствари три големи победи. Наградата доаѓа како резултат на многу вложен труд, изјави Миљеновиќ.
Најкорисниот кошаркар во регионалната лига за месец октомври настапи на сите пет натпревари за неговиот клуб и имаше ефект од 16,8 поени, 10,2 асистенции, 4,8 скокови и 1,6 украдени топки.