Американскиот министер за одбрана, Чак Хејгел нареди дека сите американски војници кои доаѓаат од Западна Африка, мора да поминат 21 ден во изолација.
Тој на овој начин ја одобри препораката која што ја упатија американските воени команданти.
Мерката е построга од препораката која што ја даде администрацијата на претседателот Барак Обама за цивилите.
Инаку повеќе од 1.000 американски војници се наоѓаат во Либерија и Сенегал, каде што помагаат во борба против ебола.
Е. Г.