Осум ученици се удавиле во реката Ичоа во Боливија, кога во текот на екскурзијата направиле пауза за да се искапат, соопштија боливиските власти.
Управникот на локалната полиција Алберто Антесана изјави дека 29 ученици, на возраст меѓу 17 и 19 години, тргнале на екскурзија за градот Санта Крус, на истокот од Боливија, пренесоа американските медиуми.
Во текот на патот децата од возачот на автобусот побарале да застане на реката Ичоа за да можат да се искапат, но погрешно ја процениле силината на речните струи, па некои од нив се удавиле.
Спасувачите вчера го извлекле телото на последното осмо удавено дете.
Телата на удавените се пренесени во нивниот роден град Потоси, чиј гувернер Фелис Гонсалес вети материјална помош за семејствата.